Федерер бара револуција во тенисот: Мора нешто да се промени во иднина!

Еден од најдобрите тенисери во историјата Роџер Федерер пред две години замина во пензија, но и покрај тоа сè уште останува приврзан кон спортот.

Федерер смета дека тенисот мора да се развива затоа што ќе почне да ја губи публиката.

„Би сакал да видам повеќе шаренило во тенисот. Потребни ни се нови методи и идеи. Ако нема такво нешто, младите ќе заминуваат на фудбал или друг спорт“, кажа Федерер.