
Ептен чудно: Ѓоковиќ тренираше со тенисерот против кого и ќе игра на „Ролан Гарос“!
Три часа пред овој дуел, Србинот направи нешто што е невообичаено за другите конкуренти, а тоа е тренирање токму со денешниот противник, како своевидно загревање за пресметката. Вакво нешто е речиси незамисливо за другите тенисери, но за Ѓоковиќ полеска станува вообичаено, со оглед што ваква проверка имаше и со Александар Ковачевиќ (САД) пред нивната пресметка на стартот од гренслем-турнирот во Париз.
Ако српскиот ас го мине пречката од Перу, тогаш за пласман во полуфиналето ќе ги одмери силите против подобриот од средбата помеѓу Карен Хачанов и Лоренцо Сонего.