„Џелатот“ на Ѓоковиќ стигна до финале и - предаде

Чешкиот тенисер Јиржи Лехечка е победник на АТП турнирот во Бризбејн откако во финалето го победи Рајли Опелка.

Всушност, Опелка го предаде мечот поради повреда по само 15 минути игра и при резултат 4-1 за противникот. Американецот се прослави оваа недела по триумфот во четвртфиналето против Новак Ѓоковиќ по што беше подобар и од Петши-Перикар и неочекувано дојде до мечот за титулата.

Интересно е тоа што Лехечка не го доигра ни полуфиналниот меч бидејќи тогаш предаде Григор Димитров, но барем помина 78 минути на теренот.

Претстојната недела се игра АТП турнирот во Аделејд, а на 12 јануари почнува првиот Гренд слем за оваа сезона - Австралија Опен.