Директорот на „Австралија опен“ го опомена семејството Ѓоковиќ: Пазете што правите!

Фотографирањето на таткото на Новак Ѓоковиќ со група руски навивачи со знаме со ликот на Владимир Путин за време на мечот на неговиот син против Андреј Рубљов наиде на осуда во јавноста во Австралија, каде што се игра првиот годинешен гренслем, а поради што српскиот тенисер доби опомена пред финалето со Стефанос Циципас директно од дуректорот на турнирот, Крег Тајли.

Однесувањето на Срѓан Ѓоковиќ за време на четвртфиналната пресметка на „Австралија опен“ е ставено во контекст со популарниот Ноле, поради што тој вчерашното полуфинале против Американецот Томи Пол го гледаше на телевизија наместо од свечената ложа. Но и покрај тоа, семејството Ѓоковиќ доби опомена за тоа како треба да се однесува на финалето, со цел да не се случат нови проблеми.

„Минав многу часови во разговор со семејството Ѓоковиќ. Мојот совет за нив беше да пазат што прават, бидејќи ова е глобален настан. На Мелбурн парк доаѓаат илјадници луѓе, меѓу кои сигурно има и такви што ќе сакаат да провоцираат, па тие треба да останат присебни и да не одговараат. Семејството одлично ме разбра и тие самите се против војната, а се за мир, така да се несреќни што сето ова беше претставено на лош начин“, изјави Тајли.

Финалето помеѓу Ѓоковиќ и Циципас се игра утре наутри во 9.30 часот по средноевропско време. Србинот е голем фаворит во налетот да дојде до јубилејната десетта титула во Мелбурн.