Димитров поведе во првиот сет, па го предаде мечот против Медведев

Бугарскиот тенисер Григор Димитров поради повреда го предаде мечот од четвртото коло на Вимблдон против Данил Медведев.

Димитров добро го отвори мечот, поведе со 3:0 и имаше брејк предност, но беше евидентно дека има физички проблеми. 

Рускиот тенисер го искористи тоа и направи серија од пет гема по која Димитров одлучи да го предаде мечот.

Следен претовник на Медведев ќе биде Јаник Синер и тој меч се игра во вторник.