Дел Потро: Можев да бидам најдобар, но коленото ми се распадна

Поранешниот аргентински тенисер Хуан Мартин Дел Потро во големо интервју за „Насион“ зборуваше за пријателството со Новак Ѓоковиќ, но и кариерата во која не успеа да го исполни целосниот потенцијал поради повредите.

Откако во 2009 година го изненади Роџер Федерер во финалето на Ју-Ес Опен, Дел Потро најави дека може да застане рамо до рамо со најдобрите тенисери во тој период.

Како минуваше времето така неговите резултати беа сè подобри, а потоа следеше ужасниот меч против Борна Чориќ во Шангај во осминафинале во 2018 година, кога незгодно падна и никогаш повеќе не се врати на највисоко ниво.

„Сакав да бидам најдобар во светот, можев да успеам во тоа, но коленото ми се распадна. Осум пати го оперирав, иако јавноста знае дека само пет пати бев на операција“, кажа Аргентинецот.