Циципас закажа полуфинале со Хачанов – Гркот четврти пат ќе се бори за финале

Стефанос Циципас ќе игра против Карен Хачанов во првото полуфинале на Австралија опен, откако грчкиот тенисер во три сета го победиЈиржи Лехечка со 6-3, 7-6, 6-4 и за него ова е четврто полуфинале во последните пет години.

Циципас одигра извонреден меч во четвртфиналето, посебно на свој сервис, а после убедливиот прв сет, во мини-брејк во тајбрејкот исчекори кон победата, за во последниот сет Лехечка да не искористи три брејк шанси на 3-3 и тука Чехот се скрши за конечна победа.

Гркот после 2019, 2021 и 2022 година, четвртипат да дојде до полуфинале во Мелбурн.

Сега против Хачанов ќе се бори за прво финале, а рускиот тенисер го мина Себастијан Корда, кој го предаде мечот после негатива од два сета во првиот денешен четвртфинален меч. Циципас има „пет од пет“ во меѓусебните пресметки со Хачанов