Циципас со доминација во Мајорка им се закани на Ѓоковиќ и Надал!

Стефанос Циципас е победник на годинешното издание на турнирот во Мајорка, откако во финалето, по исрпувачка борба, го совлада Аргентинецот Роберт Баутиста-Аугут (6-4, 3-6, 7-6).

За грчкиот тенисер ова е деветта АТП-титула во кариерата, а прва на трева, што ќе биде дополнителен мотив за него да ги нападне Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал, најголемите фаворити за триумф на претстојниот „Вимблдон“, кој почнува задутре.

Најдобар досегашен пласман на Циципас на „неофицијалното светско тениско првенство“ е пласман во четвртата рунда, нешто што Гркот се надева дека лесно ќе го надмине годинава со оглед што влегува како четврти носител.