Циципас го уништи „ранетиот“ Синер и обезбеди финале во Монте Карло

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас непријатно го изненади Јаник Синер и славеше со 6-3, 3-6 и 6-4 во полуфиналето на Монте Карло.

Циципас прв направи брејк уште во третиот гем од мечот, а Синер не успеа да одговори на вистински начин и го загуби првиот сет со 4-6.

Синер играше многу подобро во вториот сет и ги искористи грешките кај Циципас за да стигне до 6-3 и да израмни на 1-1 во сетови.

Италијанецот имаше проблеми во последниот сет и бараше медицински тајм-аут, а тоа му помогна на Гркот да оствари победа од 6-4.

Циципас во финалето на Монте Карло ќе се бори против победникот од дуелот меѓу Новак Ѓоковиќ и Каспер Руд.