Четврта титула сезонава: Ѓорческа ја преслуша ќерката на легендарниот кошаркар Даниловиќ!

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорчевска, на најдобар начин ја круниса добрата игра неделава во Хехинген (Германија), откако денеска дојде до четвртата титула во двојки годинава и тоа на ИТФ турнир со награден фонд од 60.000 долари.

Заедно со Романката Кристина Дину, Ѓорческа во финалето беше подобра од српско-шпанската комбинација Олга Даниловиќ (ќерка на легендарниот кошаркар Предраг) и Георгина Гарсија Лопез и тоа во три сета со 4-6, 7-5, 10-7 за еден ипол час игра.

Претходно, Македонката триумфира во двојки на фјучерсите во Минск, Есен и Гецо.