
Бизарен инцидент: Тенисери наместо да се поздрават се – степаа (ВИДЕО)
Актери на овој бизарен настан беа домашниот тенисер Корентин Муте и Адријан Андреев (Бугарија), кои не само што ги вкрстија рекетите туку тоа го направија и со тупаниците. Победи Бугаринот со пресврт (2-6, 7-6, 7-6), што очигледно тешко му падна на Муте, кој исценира инцидент, откако прво се поздрави со противникот, а потоа и го удри со телото пред ситуацијата да ескалира.
Кој знае што сѐ можеше да излезе ако судијата брзо не се симнеше од својот стол и не ги раздвои воинствените тенисери, кои брзо потоа се смирија.