„Басавареди беше подобар од мене, но најдов начин како да го победам“

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ славеше со 3-1 во сетови против Нашиш Басавареди во првото коло на Австралијан опен.

Ѓоковиќ се соочи со голем отпор на ривалот во првиот сет, кој го загуби со 4-6, но потоа со 6-3, 6-4 и 6-2 го реши противникот.

„Басавареди беше подобар од мене на почетокот и имаше силни удари, па ми создаде многу проблеми. Да бидам искрен, начинот на кој игра е одличен затоа што секогаш овие натпревари се тешки и проблематични. Ме изненади пријатно, но најдов начин како да го победам“, кажа Ѓоковиќ.