Баи предаде, Ивановски во главната ждрепка на Челинџерот во Јокохама

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски успешно ги мина квалификациите за турнирот што се одржува во јапонскиот град Јокохама.

Утринава, тој оствари победа против Баи од Кина откако противничкиот тенисер го предаде мечот пред стартот на третиот сет. Во моментот на прекинот, резултатот беше 1-1, Кинезот поведе благодарение на подобрата игра во првиот сет (6-4), а Ивановски го доби вториот со 7-5.

Прв противник на македонскиот тенисер на главниот турнир ќе биде Белгиецот Зизу Бергс кој е на 180. позиција на АТП листата. Натпреварот ќе се игра вечерва, во 2 часот по полноќ по средноевропско време.