Австралијан опен ќе се игра во Дубаи или Доха?

Австралиската Влада реши да ги затвори границите до средината на 2022 година, па така првиот гренслем-турнир во сезоната, Австралијан опен ќе биде преместен во друга држава.

Медиумите шпекулираат дека турнирот нема да се одржи во Мелбурн, туку ќе биде преместен во Дубаи или Доха, а доколку се случи такво нешто, тогаш тоа ќе биде за првпат во историјата.

Австралиските власти не сакаат да се одржи гренслем-турнирот повторно во време на пандемија, зашто имаа многу проблеми годинава, иако директорот на турнирот, Крег Тајли се надева дека турнирот ќе се игра во Мелбурн.

„Ќе се качиме на Монт Еверест ако е потребно за турнирот повторно да се одигра на исто место. Пред една година вестите беа исти, но успеавме да го организираме турнирот во Мелбурн“, вели Тајли.