
Алкараз се препоти против Нарди за пласман во четвртфинале во Доха
Алкараз тргна фуриозно во мечот против 85. тенисер во светот и славеше со 6-1, меѓутоа талентираниот Италијанец го возврати ударот во следниот сет и со 6-4 израмни на 1-1 во сетови.
Нарди го загуби ритамот на стартот на третиот сет, кога Алкараз направи брејк за водство од 3-1, по што без проблеми стигна до 6-3 и триумф во осминафиналето.
Шпанецот во четвртфинале ќе се соочи против Јири Лехечка од Чешка.