Алкараз: Дојдов да го освојам трофејот во Торино!

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз има јасна намера на завршниот турнир во Торино, а тоа е да ја освои титулата.

Алкараз е свесен за конкуренцијата која ја има од Јаник Синер, но смета дека има доволно квалитет да го крене пехарот.

„Би сакал да го освојам овој престижен трофеј. Втор пат играм во Торино и за мене ова значи многу. Да се биде тука е навистина посебно чувство и се борев за место меѓу најдобрите од почетокот на сезоната“, кажа Алкараз.

Шпанецот се наоѓа во група со Александер Зверев, Каспер Руд и Андреј Рубљов, додека Јаник Синер е во група со Данил Медведев, Тејлор Фриц и Алекс Де Минор.