Аларм во Мелбурн: Ѓоковиќ го напушти тренингот по само 12 минути (ВИДЕО)
Новак прво тренираше со Јиржи Лехечка, но потоа, во среда, за време на втората, попладневна сесија на теренот број 10, се пожали на болка, што го натера Миљан Амановиќ да реагира. Тој тренинг траеше само 12 минути, а Амановиќ имаше полни раце работа, со оглед на тоа што Новак страдаше од проблем со вратот. Оние што ги гледале сцените велат дека сè изгледаше многу болно за српскиот ас.
Ѓоковиќ помина повеќе време разговарајќи со своите соработници отколку тренирајќи, само за да облече дуксер и во еден момент да го напушти тренингот. Пред сето ова, наутро, Новак спарингуваше со Даниил Медведев.
Ждрепката за првиот Гренд слем во сезоната ќе се одржи утре и Ѓоковиќ тогаш ќе го дознае патот во Мелбурн.