„Ако Ѓоковиќ решил да се повлече, тоа значи дека има голем проблем!“

Првиот тенисер на АТП-листата, Јаник Синер ќе се бори против Александер Зверев во финалето на Австралијан опен, а Италијанецот пред мечот го коментираше повлекувањето на Новак Ѓоковиќ.

Србинот се повлече по првиот сет против Зверев поради повреда, а Синер смета дека неговиот ривал очигледно има големи проблеми.

„Не го гледав мечот затоа што се загревав. Потоа видов снимка. Никој не е среќен кога ќе види такво нешто. Ако Ѓоковиќ реши да се повлече, тоа значи дека има големи проблеми. Во минатото тука победуваше и со физички проблеми, но овој пат очигледно тоа било посилно од него. Му посакувам побрзо да се врати на теренот“, кажа Синер.