„Агаси четири пати беше допингуван, АТП тоа умешно го сокри“

Поранешниот прв тениски рекет, Марсело Риос, испрати остри критики до челниците на АТП, поради кои крена многу прашина во медиумите.

Чилеанецот тврди дека АТП им помогнал на американските великани прекривајќи ги нивните допинг-авантури. Тој конкретно го нападна осумкратниот грен слем шампион, Андре Агаси.

АТП е најголемото срање што постои. Тие четири пати го сокрија допингот на Агаси, затоа што во тоа време тенисот ќе пропаднеше без него. Сè е големо срање, изјави Риос за Марка.