Тежок пад на Линдзи Вон во Лејк Луис - проби две заштитни огради! (ВИДЕО)

Најуспешната скијачка на сите времиња, Линдзи Вон, доживеа нов тежок пад. 

Една од спортистките на која сите ѝ посакуваат веќе ништо да не ѝ се случи бидејќи во текот на кариерата веќе претрпела низа повреди и операции, Линдзи Вон, доживеа нов тежок пад за време на тренинг во Лејк Лукс, каде пре крајот загуби контрола и проби две заштитни огради.

„Добро зборуваше баба ми. Болката и јас сме најдобри пријатели засекогаш. Утре е нов ден и нова шанса. Ќе бидам отечена, но ќе дадам сѐ од себе, како и секогаш“, напиша Вон.

Американката е најуспешна скијачка на сите времиња, а ѝ недостигаат уште само девет победи да го собори севкупниот рекорд по бројот на истите, кој го држи Швеѓанецот Ингемар Стенмарк.