Младиот Ѓуретановиќ собори уште еден македонски рекорд!

Никола Ѓуретановиќ на Светското првенство во Будимпешта за 25-метарски базени имаше уште еден фантастичен настап, тој постави национален рекорд во дисциплината 800 метри слободно.

Ѓуретановиќ делницата од 800 метри ја мина за 08:06:79, подобрувајќи го стариот рекорд за цели 3 секунди.

17-годишниот македонски пливач го освои 27. место од 33 пливачи кои настапија во оваа дисциплина на Светското првенство.

Претходно Ѓуретановиќ го подобри и националниот рекорд на 400 метри.