Ветеранот Скола во солзи замина во пензија, доби аплауз и од ривалите (ВИДЕО)

Кошаркарите на Австралија се изборија за полуфинале на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Токио откако без поголеми проблеми ја совладаа Аргентина со 97-59.

Мечот ќе остане запаметен и по легендарниот кошаркар Луис Скола, кој повеќе нема да игра за националниот тим бидејќи реши да се пензионира.

Скола не можеше да ги запре солзите по големиот аплауз кој го доби, а репрезентативната кариера ја завршува на 41 година.