
Таеквондистот Георгиевски против светскиот првак Алба во првото коло на ЛОИ
Георгиевски против Алба ќе се сретне на 27 јули во периодото помеѓу 3 и 4 часот по полчноќ по македонско време. Македонскиот олимпиец, кој најавува и златен медал на овие ЛОИ, откако стана првиот таеквондист од нашата земја што учествува на Олимписките игри на патот кон овој настап во Токио го елиминираше актуелниот олимписки првак, па уште на стартот има шанса да го покаже сиот свој квалитет и да најави пат кон врвот во пресметката со Кубанецот.
Алба е двоен светски првак од 2013 и 2019 година, а има и бронза од 2015 година и е фаворит на хартија.