Србија секое олимписко злато во Париз ќе го награди со по – 200.000 евра
Првиот човек на северниот сосед, Александар Вучиќ синоќа на приемот на сребрените кошаркари ја најавил богатата награда која Србија планира да им ја даде на сите спортисти кои од француската престолнина ќе се вратат со злато одличје.
„Секој спортист поединечно ќе добие 200.000 евра за освоен златен медал во Париз“, рече Вучиќ.
Србија има адути за злато од Новак Ѓоковиќ во тенис, Ивана Вулета во атлетика, која стана светска шампионска во скок во далечина неодамна во Будимпешта, одбојкарките кои се европски вицепрваци, а беа поранешни светски и европски шампионки, потоа ватерполистите кои се постојано во конкуренција за медал, во индивидуалните спортови како таеквондо... Кошаркарите на Србија со среброто од Мундобаскетот исто така обезбедија учество на ЛОИ 2024.