Скандал: Доби договор од 340 милиони долари, па падна на допинг тест!

Бејзбол ѕвездата Фернандо Татис јуниор падна на допинг тест, и тоа откако потпиша договор вреден 340 милиони евра со Сан Франциско падрес, по што заработи суспензија на дури 80 натпревари.

По рутинската допинг контрола било откриено дека користи „Клостебол“, односно супстанција која е на листата со забранети и за која се тврди дека може да ги подобри перформансите на спортистите.

„Имав проблеми со габична инфекција, земав лек во кој се наоѓа супстанцијата, не го направив тоа намерно. Требаше да проверам пред да го користам, но згрешив и виновен сум. Сакам да им се извинам на сите во клубот и за навивачите. Сите мои резултати на тестовите претходно беа негативни“, кажа ѕвездата.