Јусура Марадини е сиријска олимпијка која на ЛОИ во Токио слободно може да конкурира за мис на Игрите, а оваа пливачка, како и најголем дел од нејзините сонародници преживеа пекол од војната во татковината, па како мигрант бегаше од виорот на војната за да стигне до Германија, каде и сега живее.

Младата Јисура, која има 23 години порасна во предградието на Дамаск, Дарај, место каде се случи и најголемиот масакар од почетокот на војната која избувна пред една деценија, па таа како и илјадници други сонародници преку балканскиот мигрантски пат се пробиваше до Западна Европа, поминувајќи и низ Македонија.

Заедно со својата сестра преку Истанбул стигнаа до Лезбос, па оттаму преку Македонија, Србија до Будимпешта, а на крај до Германија. Сега, преубавата олимпијка живее нов живот, далеку од ужасите на војната, а сонот да биде дел од ЛОИ и се исполни. Плива за олимпискиот тим на мигранти и бегалци, како и нејзиниот сонародник Ала Мусо, чиј брат Мухамед пак остана да се натпреварува за Сирија, иако и двајцата како и Јусура преку Македонија бегаа од виорот на војната во 2015 година за да стигнат до Германија