Швеѓаните доминираа во бијатлон, Норвешка викендов ќе брка рекорд!

Шведските бијатлонци победија во штафета на четири по седум ипол километри на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг.

Шведска, која во составот ги имаше Фемлинг, Нелин, Самјуелсон и Линдстрем, постигнаа време од 1:15:16,5 и доминантно стигнаа до златниот медал.

Среброто го освоија Норважните, кои имаа дури 55,5 секунди заостанување додека бронзениот медал им припадна на германските бијатлонци, кои имаа две минути заостанување пред победниците.

Со освојувањето на златниот медал, Швеѓаните не им дозволија на Норважните да постават рекорд по бројот на освоени златни медали на едни Зимски олимписки игри. Норвешките спортисти досега освоија 13 златни медали, но шанси за рекорд ќе имаат во текот на викендот.