Сензација на ЗОИ: Превц остана без медал, златото оди во Германија!

Домен Превц беше огромен фаворит за златен медал во ски-скокови на Зимските олимписки игри (ЗОИ), но на крајот остана без медал, додека златниот медал заврши кај Филип Рајмунд од Германија.

Превц доминираше за време на „Четири скокалници“, па делуваше дека Словенецот ќе биде недопирлив на ЗОИ, но тој немаше најдобар скок ниту во првата, ниту во втората серија поради што заврши на шестата позиција.

Златниот медал го освои Рајмунд, кој два пати имаше одлични скокови и освои 135,6 и 138,5 поени, додека второто место му припадна на Каспер Томашијак од Полска, а третата позиција ја поделија Рен Никаидо и Грегор Дешванден.

Фото: EPA