САД планира дипломатски бојкот на ЗОИ во Пекинг 2022

Соединетите американските држави ќе учествуваат на следните Зимски олимписки игри во Пекинг идната година, но дипломатите од оваа земја нема да „помогнат“ во славењето на спортот во Кина. 

Од „Белата куќа“ изјавија дека претседателот Џо Бајден и останатите високи политичари од САД нема да присуствуваат на Игрите во Пекинг ниту пак ќе ги промовираат во знак на бојкот. Американците се загрижени поради силното кршење на човековите права во Кина, особено во покраината Синѓанг.

„Нашите спортисти ќе ја имаат целосната подршка, но ние како политичари нема да придонесеме за правење спектакл на Игрите“, изјавија од „Белата Куќа“.

Регионот на Синѓанг има популација од 25 милиони жители. Моментално има доста немири во овој дел од Кина, бидејќи се појави сепаратистички конфликт преку радикалниот ислам. Тука живеат многу народности, па освен Кинези има и многу Турци, Ујгури, Монголци, Руси, Казаци и други. Синѓанг е најголем производител на природен гас во Кина, па јасно е зошто Американците се „загрижени“ за кршењето на човековите права во овој дел од Кина.