Русија по 26 години стигна до златен медал на ЗОИ во спектакуларното финале!

Хокеарската репрезентација на Русија, која настапува под Олимпиското знаме, го освои златниот медал на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пјонгчанг со победата против Германија од 4-3, по продолженијата во феноменалното финале.

Јунак на победата на Русите беше Капризов, кој ја погоди мрежата на Германија во десетата минута од продолженијата и го врати својот тим на тронот по 26 години.

Почетокот на натпреварот помина во знакот на олимпијците од Русија, кои беа поконкретни во нападот, но до предност стигнаа во самиот финиш на првата третина преку Војнов. Германците одговорија во десетата минута од втората третина, па Шуц израмни на 1-1.

Во последната третина Гусев ја врати предноста на Русите во 14. минута, но Кахун по десет секунди со гол им ја врати надежта на Германците. И тогаш се тргна на страна на Германија, која тоа го искористи и три минути подоцна прв пат стигна до водство, но Русите не се предадоа, па стрелаа за 3-3 и продолженија на неверојатното финале.

Во дополнителните 20 минути и двата тимови беа воздржани, но одлуката за шампион падна во десетата минута, кога Капризов стрелаше прецизно и ги постави конечните 4-3.

Да потсетиме, бронзениот медал претходно го освои Канада, која во саботата ја победи Чешка со 6-4.