Роналдо во американски фудбал: За четири години само плата – 140 милиони долари!

Расел Вилсон (30) е квотербек во поранешниот шампион во американски фудбал (НФЛ), Сиетл Сихокс и тој го потпиша највредниот договор во историјата на овој спорт, инаку најпопуларен во САД, откако потпиша четиригодишен договор вреден – 140 милиони долари!.

Слично на Кристијано Роналдо кој летоска потпиша четиригодишен договор за 120 милиони евра со Јувентус, па сега е еден од најплатените фудбалери на светот, Вилсон се обврза на нова соработка со Сиетл, која годишно ќе му донесе по 35 милиони долари годишен приход.

Но, покрај чистата плата, Вилсон ќе има бонуси во вредност од 65 милиони „зелени банкноти“, што значи дека за четири години севкупно ќе инкасира 205 милиони долари.

Тој со Сихокс ја освои шампионската титула во 2014 година, а сега со новиот договор ќе остане член на овој тим до 2023 година.