Проклетството на Токио: Јапонија е најголем малер за организирање на ОИ

Олимписки игри (ОИ) кои беа закажани за крајот на јули во Токио мораше да бидат одложени поради вирусот, кој направи хаос во целиот свет и во сите останати спортски натпреварувања.

Сепак, во историјата поминаа низ многу непријатни сценарија, а најголем малер како организатор дефинитивно била Јапонија, односно Токио.

Токио трипати ја добил организацијата на ОИ, а веќе вторпат тие нема да се одржат во предвидениот рок. Првпат тоа се случи во 1940 година кога ОИ биле откажани поради Втората светска војна. Токио во 1932 година ги победил Рим и Хелсинки во трката за организација на игрите, но некоку години подоцна се соочија со проблемот.

Јапонија за потребата на натпреварувањето почна со изградба на стадиони, меѓутоа во 1938 година многу земји поради војната меѓу Јапонија и Кина го откажаа учеството на ОИ, па организацијата ја доби Хелсинки. Сепак, ОИ не се одржале ниту во 1940, ниту во 1944 година поради војната, туку следните биле одржани во 1948 година во Лондон.

Оваа година светот го зафати пандемијата на коронавирусот. Во вторникот беше донесена одлука да се откажат игрите и дека тие треба да се одржат во 2021 година.

Најпрво бојкот почна Канада, која реши да не ги праќа спортистите на натпреварувањето, а потоа се побунија и другите држави, па мораше истите да бидат одложени.

Токио за малку по вторпат ќе останеше без организација на ОИ, а досега ги организираа само во 1964 година.