Победникот во ски-скокови се плаши од висина!

Германскиот скокач, Филип Рајмунд синоќа победи во ски-скокови на нормална скокалница, за него ова беше прва победа на некое големо натпреварување, а со него е поврзан и еден неверојатен парадокс.

Имено, Рајмунд во минатото призна дека има страв од висина иако е ски-скокач. Сепак знае да го контролира тој страв и да настапува, но не секогаш.

Минатата година Германецот откажа настап во ски-скокови поради таа причина.

„Многумина ме прашуваат зошто не скокам, но некои веќе и знаат, имам страв од висина. Тоа е причината“, објасни тогаш Фили Рајмунд.

Очигледно на Зимските олимписки игри дојде совршено психолошки подготвен, па успеа да го направи најголемиот успех во кариерата.