Жешка сцена на мраз: Најсексапилната на ЗОИ освои злато и веднаш се – разголе (ВИДЕО)
Таа не само што се искачи на највисокото скалило на подиумот, туку и постави нов олимписки рекорд, по што следеше прослава каква ретко се гледа на Олимписки игри. Веднаш по финишот, атрактивната Холанѓанка го откопча комбинезонот и пред камерите приреди сцена која експресно стана вирална на социјалните мрежи.
Снимките од „врелата“ прослава беа масовно споделувани, а еден од коментарите што најчесто се повторуваше гласеше: „Жешки кадри од мразот“. Не е ни чудо, ако се знае дека Јута ја следат околу четири милиони луѓе на социјалните мрежи, каде покрај спортските успеси е позната и по својот атрактивен изглед.
Емоциите не завршија тука. Веднаш потоа, Лердам влета во тунелот каде ја чекаше нејзиниот вереник, познатиот јутјубер Џејк Пол, кој исто така не успеа да ги сокрие чувствата. Фотографијата што ја објави Пол со својата избраничка стана вистински хит, а Јута дополнително ги разнежни фановите со прашањето дали сонува или навистина го живее својот најголем сон.