Јада настапи во Кортина и го освои 89. место на крос-контри трката (ВИДЕО)
Јада квалификациската трка ја заврши на 89-тата позиција од вкупно 94 натпреварувачи со време 03:59.56, и 52 секунди за останување за првопласираниот Клаебо.
Во Кортина Јада го очекува и уште еден настап кој ќе го запише на 13-ти февруари, претходно на 12-ти февруари од 13 часот, Ана Цветановска ќе излезе на трката на 10 километри во женска конкуренција во нордиско скијање.
Во алпските дисциплини, Виктор Петков ќе се појави во велеслаломот на 14 февруари (прва трка од 10 часот), а Јана Атанасовска ќе настапи во истата дисциплина на 15 февруари. Последниот македонски настап на ЗОИ 2026 ќе ѝ припадне на Атанасовска, која на 18 февруари ќе се појави и во слаломската трка.