Отвореното првенство на Македонија во голф ќе се одржи во - Бугарија!

Македонската голф федерација (МГФ) во чест на Денот на независноста на нашата држава, кој се слави на 8 септември, ќе организира Отворено аматерско првенство кое ќе се одржи во - соседна Бугарија 

Во ек на негаторската политика на нашиот источен сосед и долгото опструирање на почетокот на нашите преговори со Европската унија, луѓето кои се обидуваат да го промовираат голфот во Македонија се решаваат најголемиот државен празник да го прослават со настан на бугарска територија.

Првенството ќе се одржи на терените на Пирин голф клубот во периодот помеѓу 9 и 11 септември. Настапот ќе биде со плаќање и тоа на партиципација од 110 евра за членовите на бугарскиот клуб, односно од 170 евра за другите. Ќе се играат три рунди по 18 дупки, по што ќе бидат прогласени најдобрите 

Причина за настапот во Бугарија е фактот што Македонија иако има голф федерација нрма ниту еден терен за голф. Постоеја најави за изградба на еден во населба Лисиче во Скопје, но засега нема ништо за такво нешто.