Олимписките игри во Париз свечено ќе се отворат задутре, ама ќе почнат – денеска!
Денеска на терените ќе излезат и рагбистите, додека утре ќе почнат и турнирите во женски ракомет и фудбал за жени. В петок ќе стартуваат и натпреварите во спортско стрелаштво и тоа пред отворањето на Игрите закажано во 19.30 часот.
„Од Игрите во Барселона во 1992 година, фудбалот почна пред церемонијата на отворањето, со оглед што фудбалерите не можат да играат секој ден и им требаат најмалку 48 часа за да се опорават. Поради тоа, машките фудбалски натпревари започнуваат два дена пред почетокот на Игрите, а женскиот фудбал ден пред стартот“, е официјалното објаснување што ќе има настани пред официјалниот почеток.
Единствен принцип што мора да се испочитува е да не може да се делат ниту пак спортистите може да бидат елиминирани пред церемонијата на отворање. Македонија на овој настан во француската престолнина ќе има шестмина спортисти и четворица судии. Прв ќе настапи пливачот Никола Ѓуретановиќ и тоа на 27 јули, ден по официјалниот старт на Игрите.