Олимписка шампионка добила 544 казни во сообраќајот, но и понатаму има возачка дозвола

Aлина Загитова златната олимписка шампионка од Пјонгчанг во 2018 година се најде во центарот на вниманието поради необична ситуација.

Имено, таа досега добила 544 сообраќајни казни за пет години колку што има возачка дозвола и досега потрошила околу 4.500 евра на казни.

22-годишната Русинка досега била 401 пат казнета за брзо возење, 65 поради непочитување на сообраќајни знаци и 18 пати паркирала непрпописно, додека 14 пати поради недозволено полукружно свртување.

Пет казни добила поради поминување на црвено светло на семафор, а само оваа година платила 197 казни. Сепак, таа и понатаму има возачка дозвола.