Одложен стартот на Азиските зимски игри во Саудиска Арабија (ФОТО)

Саудиска Арабија требаше да биде домаќин на Азиските зимски игри во 2029 година, но донесена е одлука да биде одложен стартот, меѓутоа засега не се открива кој ќе биде новиот датум.

Саудискиот олимписки комитет соопшти дека стартот на Азиските зимски игри ќе биде поместен, но новиот датум дополнително ќе биде соопштен за учесниците.

Засега не се открива причината за оваа одлука на организаторот, меѓутоа дел од светските медиуми пишуваат дека причината за тоа е одложувањето на изградбата на ски-ресортот.

Според еден медиум од Сингапур, организаторот планира да го одржи настанот дури четири години подоцна од планираното.