Над 1.000 дечиња ја преплавија Пелагонија – спортот повторно победи (ФОТОГАЛЕРИЈА)
Во одлична атмосфера исполнета со дружење, натпреварувачки дух и фер-плеј, младите учесници се натпреваруваа во седум различни дисциплини – Coca Cola Cup 2011, фудбал 2015, одбојка, баскет 3х3, ракомет, народна игра и атлетика.

Најголемо внимание привлече турнирот во рамките на Coca Cola Cup, каде што неизвесноста траеше до самиот крај. Во машка конкуренција победничкиот пехар го освои екипата „Баирски пионери“, додека кај девојчињата најуспешна беше екипата „Климентовски“.

Покрај спортските натпревари, во Битола се одржа и второто издание на спортско-едукативниот проект „Zero Waste“, кој испрати силна порака за заштита на животната средина под мотото „Бидете дел од играта – да ја заштитиме нашата планета“. Победник на проектот беше тимот „New Stars“ од ООУ „Коле Канински“, предводен од Александра Здравевска.



















