Традицијата за двајца спортисти во улога на знаменосци, спортист и спортистка со цел да се запази родовата еднаквост, почната од ЛОИ во Токио, Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) ќе го задржи и на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг (4-20 февруари), поради што нашиот олимписки комитет ги одреди учесниците кои ќе го веат македонското знаем на церемонијата на отворање.

Тоа ќе бидат скијачот Дардан Дехари и нордиската скијачка Ана Цветановска, кои ја добија честа да ја предводат малата делегација на Македонија на стартот од олимпискиот собир во Пекинг. Ваква комбинација требаше да има и на летните игри во Токио, кога улогата на знаменосци им беше дадена на Дејан Георгиевски и Арбреша Реџепи, кои, сепак, не можеше да се појави на отворањето поради проблеми со короинавирусот. Покрај нив двајца, на олимписките терени ќе се појави уште еден македонски скијач, Ставре Јада, кој беше знаменосец пред четири години на Игрите во Пјонгчанг.

Македонските спортисти денеска на прес-конференција ги искажаа своите надежи од настапот на ЗОИ, кои се во делот на давање максимум и обид за достојна презентација на македонското скијање.

МАКЕДОНСКИТЕ СПОРТИСТИ НА ЗОИ ВО ПЕКИНГ

- Ана Цветановска (крос-кантри) - ќе настапи на 7,5 км слободно + 7,5 км скијатлон (5 февруари) и 10 км класично (10 февруари).

-Ставре Јада (крос-кантри) - ќе настапи во спринт слободно 1,5 км (8 февруари) и 50 км слободно (19 февруари).

-Дардан Дехари (алпско скијање) - ќе настапи слалом/велеслалом (13 и 16 февруари).