ЛОИ во Токио без навивачи од странство

Летните Олимписки игри (ЛОИ) кои летово од 23 јули до 8 август треба да се одржат во Токио, една година подоцна после одложувањето поради пандемијата со коронавирус, ќе мине без гости од странство, најавуваат Јапонците.

Бидејќи ситуацијата со глобалната пандемија не стивнува, а и вакцинацијата на светската популација не оди во добар тек насекаде низ светот, веќе извесно е дека ако се дозволи присуство на гледачи на спортските арени, за што допрва ќе се знае, веќе извесно е дека на трибини нема да има публика од странство.

Јапонските меидуми го најавија ова повикувајќи се на извори од Владата на Јапонија, која нема да дозволи доаѓање на никој надвор од официјалните лица и спортистите, кои ќе бидат пријавени за настапите на ЛОИ.

Конечната одлука Јапонија според информациите треба да биде донесена најдоцна за еден месец. На ЛОИ се очекува да учествуваат 11.000 спортисти, а потоа 4.400 параолимпијци на Параолимписките игри.