Канада и Германија го поделија златниот медал во боб!

Германците и Канаѓаните го поделија златото во тимските натпреварувања во боб на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пјонгчанг затоа што имаа слично време. Трет беше составот од Летонија, а воедно тоа беше и прв медал за нив на овие ЗОИ.

Прв пат по 20 години ќе биде поделен златниот медал затоа што двете екипи, германската и канадската, имаа време од 03:16,86. Медалите ќе ги поделат Крипс и Александар од Канада, како и Магрис и Фридрих од Германија. На сите ова им е прв олимписки медал.

Бронзениот медал замина кај Мелбардис и Стренги, кои на крајот заостануваа пет стотинки зад првите две екипи и имаа одлично последно возење.