Историски момент: Македонец освои медал на ЕП во билјард! (ВИДЕО)

Владимир Ѓорѓиески испиша историја во македонскиот билјард откако на Европското првенство првенство во Подчетрек во категоријата инвалиди во колички и во дисциплината осумка се пласираше на третото место.

Ѓорѓиески одигра одличен турнир и заслужено стигна до бронзениот медал. На ова Европско првенство настапи и Христо Василевски кој иако имаше неколку победи не стигне до разигрувањето за медали.

Во овој град Македонија ќе има претставници и во младинското ЕП на кое ќе не претставуваат Андреј Ѓурчиновски и Илија Димовски. Тој турнир ќе се игра од 23. до 30. јули.