Голема трагедија во Австралија: Мултиталентирана спортистка се самоубила?!

Спортската јавност во Австралија остана шокирана по веста дека телото на Џасинда Баркли (29) било пронајдено во нејзиниот стан во близина на Перт.

Полицијата и Брзата помош пристигнале на местото и ја утврдиле смртта на Баркли. Засега властите не ги објавуваат точните причини за смртта на спортистката, но медиумите шпекулираат дека се работи за самоубиство.

Баркли беше мултиталентиран спортист. Во Австралија се занимаваше со играње рагби, а потоа се пресели во САД, каде се испроба во бејзбол и американски фудбал. Моментално повторно играше професионално рагби во својата татковина и настапуваше за Сиднеј џајантс.