Го најдоа терминот: ЛОИ во Токио догодина ќе се одржат помеѓу Вимблдон и УС-опен?

Летните Олимписки игри во Токио веќе сигурно летово нема да се одржат откако Интернационалниот Олимписки Комитет (ИОК) и јапонските власти се договориле за одложување на најголемиот спортски настан, веројатно за идната година, па сега светското олимписко движење бара термин кога да ги закаже игрите во 2021 година.

Поради пандемијата со коронавирусот јасно е дека игрите не може нормално да се одржат, особено и затоа што во ек кога цел свет е во карантин, спортистите не ни може правилно да се подготвуваат за настап на најголемиот спортски настан. Според најавите, во следните четири недели, ИОК ќе ја донесе конечната одлука, но и новиот термин за одржување на ЛОИ, а според најавите веројатно тоа ќе биде од крајот на јули и почетокот на август, т.е. помеѓу два големи тениски гренслемови – Вимблдон и УС-Опен.

„ЛОИ веројатно ќе се одржат помеѓу Вимблдон и УС-опен. Според календарот за 2021, Вимблдон е планиран да заврши кон средина на јули, а УС-опен да започне на почетокот на август и би требало во овој термин да се одржат Игрите. Наша цел е во овие четири недели да го одредиме новиот термин“, рече Џон Коутс, координатор на комисија во ИОК:

Првиот човек на ИОК, Томас Бах посочи дека не е морално Игрите да се одржат во лето, зашто постои и опција да се играат во пролет или рана есен, но затоа ќе треба добро да се усогласи календарот. Најмногу засега во ИОК ги плаши тенискиот календар, но се надеваат дека ќе изнајдат решение.

Инаку Игрите за годинава беа закажани од 24 јули до 9 август, па нема да биде изненадување ако овој термин се поклопи и за следната сезона, со отспатување на ден-два порано за почеток и за завршеток.