Џенифер Лопез станува газдарица на бејзбол клуб од Њујорк?

Атрактивната и светски позната пејачка Џенифер Лопез заедно со својот сопруг Алекс Родригез наскоро би можеле да станат сопственици на американскиот бејзбол тим од МЛБ-лигата, Њујокт Метс, најави „Њујорк Пост“.

Според весникот, поп-дивата со својот сопруг, кој е поранешен бејзбол играч многу близу се за да ги преземат Метс и тоа за сума од – две милијарди долари. Весникот потенцира, дека актуелните сопственици на бејзбол тимот Фред и Џеф Вилпон се подготвени да го продадат Метс, затоа што поради пандемијата со коронавирус веќе премногу пари имале загубено, а „Њујорк Тајмс“, пак, потенцира дека загубите на Вилпон не се само поради актуелната светска криза, туку веќе со години генерираат негативни финансиски биланси.

„Пари имаат Џеј-Ло и Алекс, така да тоа не е проблем. Понудата наскоро ќе биде офиијализирана“, потенцира „Пост“.

Според планот, самиот факт што Џенифер Лопез влегува во сопственичката структура треба да донесе поголеми спонзорски договори, а со тоа и тимот полека да излезе од финансиската криза во која е моментно. Родригез е бивш бејзбол играч на Јенкис, како и на Сиетл Маринерс и Тексас Ренџерс.