Директорот на церемонијата за отворање на ОИ сменет поради - шега!

Многу контроверзи ги следат и овие Олимписки игри (ОИ), а покрај сите проблеми со ковид-19, сега пристигна вест од Јапонија дека директорот на церемонијата на игрите, Кобајаши бил сменет.

Кобајаши наводно пред неколку години се шегувал во врска со холокаустот, а таа шега повторно станала актуелна пред почетокот на ОИ во Токио.

„Длабоко им се извинувам на сите поради предизвиканите проблеми“, кажа Сеико Хашимото, која е на чело организацискиот одбор на ОИ.

Исто така, цела делегација на Гвинеја се откажа од Олимпијадата поради здравствената ситуација во Јапонија.