Дејан Георгиевски се закити со златен медал во Тирана
Најдобриот македонски таеквондист ја покори конкуренцијата на собирот во Тирана во својата категорија 87+ килограми, а како шлаг на подвигот беше победата над Французинот Ел Омар со 2-1, во финалето. Претходно го совлада и Александар Филипов од Израел со 2-0.
Ова е уште еден успешен турнир за Георгиевски, со кој си го поплочува патот до ОИ во Париз, идната година, во намерата, најмалку, да го одбрани сребрениот медал од Токио.