Денеска во Кавадарци беше одбележан „Денот на спортот“ во рамките на Плазма Спортските игри за млади, околу 1.000 дечиња уживаа во оваа голема манифестација која првпат се одржува во Македонија.

Бројни насмевки на едно место, убаво беше денеска да се биде во Кавадарци, дечињата испратија порака дека Македонија има златна спортска иднина.

Во прекрасна, позитивна атмосфер дечињата се натпреваруваа во се натпреваруваа во: Coca Cola Cup 2011, футсал 2015, баскет 3х3 во машка и женска конкуренција, народна и атлетика. Секој спорт донесе неизвесност и многу возбудувања, а резултатот беше во втор план.